Skip to content

Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана

Награда и благодарници „Илинден” за заслуги за зачувување на македонскиот идентитет

Награда и благодарници „Илинден” за заслуги за зачувување на македонскиот идентитет

07.02.2023

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” по повод четринаесетгодишнината од основањето. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентни активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:

Неговото Блаженство г.г. Стефан – Поглавар на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

Г-дин Адам Аргинов – Подржувач на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана – Сиднеј, Австралија.

Г-дин Кристо Мазнику – Понарешен претседател на Комитетот на Македонска алијанса за европска интеграција за Тирана и понарешен претседател на Политичко друштво “Мир” – Огранок Тирана и активист на Македонско национално малциство во Република Албанија со потекло од областа Голо Брдо.

Г-дин Јован Попи – Активист на Македонско национално малциство во Република Албанија со потекло од Ербеле, областа Поле, Маќелара.

Г-дин Ивзи Абази – Активист на Македонско национално малциство во Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо.

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2023 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.

error: Content is protected !!