Македонска заедница во САД
МПЦ „Свети Димитрија“ – Флорида прослави 6 години од осветувањето
![МПЦ „Свети Димитрија“ – Флорида прослави 6 години од осветувањето МПЦ „Свети Димитрија“ – Флорида прослави 6 години од осветувањето](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/02/330974638_721222019500222_7222756733331634740_n-e1676369816835.jpg)
14.02.2023
Вчера со Божествена Литургија беше прославена шест годишнината од осветувањето на македонската православна црква „Свети Димитрија“ во Флорида, САД. Божествената Литургија беше предводена од архиерејскиот заменик Протоереј Синиша Ристовски и отец Деан Атанасовски.
После Божествената Литургија беше послужен ручек дониран од Лидија Паскова, а гостите ги забавуваа Дарко Илиевски и DJ Crazy Slave.