Skip to content

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана

МПЦ донираше верски календари за Македонците во Албанија

МПЦ донираше верски календари за Македонците во Албанија

27.01.2023

Македонско друштво „Илинден“-Тирана, добива бесплатни верски календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Верските календари се даруваат на Македонци во Република Албанија. Имајќи предвид дека бројот на заинтересирани лица за овие календари секоја година е се’ поголем, Македонско друштво “Илинден”-Тирана информира дека верските календари од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се веке достапни и само треба да се оствари контакт со Друштвото.

Воедно, Македонското друштво “Илинден”-Тирана од свое име и име на сите корисници на верскирте календари искрено се заблагодарува на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Република Албанија дел од своите верски календари.

error: Content is protected !!