Македонска заедница во Шведска
МПЦО „СВ. Наум Охридски“ формира детска фолклорна група
05.07.2023
Управниот одбор на МПЦО „Св. Наум Охридски“ од Малме, Шведска ќе формира фолклорна група за деца на воздраст од пет до десет години. Првата средба и проба е закажана за 13 август во 14 часот, во просториите на МПЦО „Св. Наум Охридски“.
За таа цел Управниот одбор на МПЦО „Св. Наум Охридски“ ги повикува сите деца и родители, кои сакаат да ги научат македонските ора и песни, да се пријават на info@mpc-malmo.org или на тел. 0727252423, од понеделник до петок меѓу 16 и 18 часот, најдоцна до 1 август.