Македонската заедница во Словенија
МПЦО „Богојавление“ и македонското друштво „Кочо Рацин”
![МПЦО „Богојавление“ и македонското друштво „Кочо Рацин” МПЦО „Богојавление“ и македонското друштво „Кочо Рацин”](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/03/336652446_1358537761653223_5089735203523960983_n-e1679909649167.jpg)
27.03.2023
Копер не е само прекрасен и монденски град, Копер е град на илјадници Македонци кои работејќи вредно го живеат животот поддржувајќи се меѓусебно, организирани во македонската православна црковна општина „Богојавление” и фолклорната секција „Кочо Рацин”.
Имајќи го предвид големиот број Македонци, па и студенти кои се на студии на овој дел од Јадранското приморје, од големо значење е да го искористат тоа што одредени луѓе се залагаат за опстојување на овие организирани форми, за да се зачува верата, фолклорот и идентитетот.