Македонска заедница во Хрватска
МКД „Охридски бисер“ ќе ја одбележи Василица во Загреб
11.01.2023
Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб на 14 јануари во рамките на Денови на македонската култура ја организира манифестацијата „Василица – Стара Нова Година“. Културната манифестација ќе се одржи во просториите на Заедницата на Македонците во Република Хрватска во сабота со почеток во 17.00 часот.
На културната манифестација „Василица – Стара Нова Година“ ќе настапат секциите на МКД „Охридски бисер“.
Покровител на манифестацијата е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.