Skip to content

Сојуз на Македонците со исламска религија

Македонците со исламска религија да не потклекнуваат на бугарските закани

Македонците со исламска религија да не потклекнуваат на бугарските закани

25.09.2023

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) ги повикува Македонците со исламска вероисповед во Албанија да не потклекнуваат под бугарските закани на пописот.
СМИР ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничко потекло, а муслимани по вероисповед, да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци!
СМИР ги повикува сонародниците во Албанија, на пописот кој е во тек, да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им го менува нивното македонско етничко потекло и по цена на не знаеме какви пасоши и привилегии да им се нудат!
СМИР порачува, сѐ е менливо и минливо освен етничкото потекло!
СМИР предупредува дека барањето Бугари во чисти македонски етнички средини преку разни емисари, ќе предизвика тешки историски последици по идните поколенија. Сте биле, сте и останете и понатаму она што единствено сте – Македонци! – се вели во соопштението потпишано од претседателот на СМИР Љатиф Пајкоски.
error: Content is protected !!