Македонска заедница во Албанија
Македонците од Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа
![Македонците од Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа Македонците од Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/01/322147198_2210188155838380_1767107835139350087_n-e1673517739406.jpg)
12.01.2023
Огранокот во Голо Брдо на Македонското друштво „Илинден”-Тирана побара од Владата, граничниот премин Џепиште-Требиште во областа Голо Брдо да работи 24 часа.
– Македонците од областа Голо Брдо апелираат македонската и албанската влада да најдат решение за отворање на граичниот премин Џепиште-Требиште 24 часа, во интерес на сите од двете страни на границата, изјави Фатри Фатаху, претседател на Огранокот во Голо Брдо на Македонското друштво „Илинден”-Тирана.
Граничниот премин Џепиште-Требиште во областа Голо Брдо беше отворен во мај 2013 година. Владите на Македонија и Албанија на заедничката седница одржана во Поградец на 15 декември 2017 година донесоа заедничка одлука, граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа.
За жал, Македонците во областа Голо Брдо изразуваат разочарување, бидејќи граничкиот премин Џепиште-Требиште не работи 24 часот, туку преминувањето е дозволено само од 8 до 18 часот. Посебно тешко е движењето преку овој граничен премин во зимскиот период кога поради природните околности – ниските температури и врнежите од снег.
![Македонците од Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа Македонците од Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште-Требиште да работи 24 часа](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/01/322723701_3416831778585337_3556366415208309528_n-e1673517690245.jpg)