Skip to content
ОМО Илинден Пирин

Македонците нема да почитуваат никаков континуитет со Ванчо Михајлов, неговото дело е многу јасно, тој е еден од најголемите крвници на македонскиот народ!

Македонците неама да почитуваат континуитет со Ванчо Михајлов

15.11.2022

За да се биде на чисто кој низ историјата работел за македонската кауза, а кој против, историчарите и политичарите треба јасно да кажат која е улогата на Ванчо Михајлов, а не да се премолчуваат неговите злосторства и да се кажува дека треба да се почитува континуитетот на неговата улога во ВМРО.
Ванчо Михајлов е еден од најгнасните бугарофилски крвници и џелати, по чија заслуга се убиени над 300 македонски патриоти во познатите Џумајски (Септемвриски) колежи во 1924 година, кога било обезглавено македонското револуционерно движење и ликвидирани тогаш најголемите македонски синови.
Ванчо Михајлов е најодговорен за убиствата на Македонците кои се бореле за независна и обединета македонска држава, тој ја дава наредбата за ликвидација на стотиците Македонци, во соработка и поддршка од тогашната бугарска власт.
Во тие случувања под лажно обвинение дека го организирале убиството на Тодор Александров, (иако убиството на Александров е организирано од самиот Михајлов за да дојде на чело на ВМРО), се убиени или заклани најголемите тогашни МАКЕДОНСКИ СИНОВИ како Владислав Ковачев, Александар – Алеко Василев, Арсениј Јовков, Стојо Хаџиев, Димо Хаџи Димов, Георги Скрижовски, Методи Алексиев, Васил Попстојанов, Ангел Василев итн итн.
Македонците мора да ја надраснат партизацијата на историја, без разлика дали таа се наметнува од лева или десна партија, и мора да се каже дека и Ванчо Михајлов и Лазар Колишевски биле крвници на својот народ. Тие ги убиле или затвориле најголемите македонски синови, идеалисти и борци за независна македонска држава.
За Македонците воопшто не е битно дали некој од историските личности бил лев или десен, затоа што и од двете страни имаме предавници на македонското дело, за Македонците најбитно е кој работел за македонската кауза, а кој против, и само на тој начин може да ги делиме тие личности, и на никаков друг.
error: Content is protected !!