Skip to content

Македонска заедница во Германија

Македонците во советодавниот одбор на берлинскиот округ Шеглиц-Зелендорф

Македонците во советодавниот одбор на берлинскиот округ Шеглиц-Зелендорф

13.03.2023

На 1 март 2023 година, се конституира новиот oкружен Cоветодавен oдбор за учество и интеграција на мигрантите (Советодавен одбор) со мандат за периодот 2022-2026 година. Неговата работа е уредена во членот 19 од Законот за учество на мигрантите во сојузната покраина Берлин.

Во октомври 2022 година, беа избрани новите членови на oкружниот Cоветодавен oдбор, во рамките на еден селективен процес кој се одвиваше во две фази. Овој Cоветодавен oдбор се состои од организации на мигранти и други непрофитни поединци, чие место на живеење, работа или активност ce во округoт Фридрихcхајн-Кројцберг, со задача да ја советува државната и локална администрација за сите прашања поврзани со темите на учество, миграција и интеграција, политика за интеграција, различност и интеркултура, како и промоција на демократија и антидискриминација.

Со изборот на новиот состав на окружна канцеларија, новоформиран е и окружниот Советодавен одбор за Штеглиц-Зелендорф. 15-те членови и 15-те заменици-членови на окружниот Советодавен одбор, се поставени со цел да ги претставуваат сите и различните интереси на мигрантите за соодветно прашање.

Членовите на Управниот одбор беа предложени и избрани од членовите на Cоветодавниот Oдбор.

Покрај претседателот Вилфред Доминик Џошуе, во Управниот одбор беа избрани како заменик-претседатели: Фикрије Арас, Тициана Едерли и Акиф Кариман за Централниот совет на Македонците во Германија со заменик Симона Лупу.

Централниот совет на Македонците во Германија им го честита изборот на сите членови и им посакува успешна и конструктивна соработка!

Советодавниот oдбор е посветен да обезбеди сите жители во областа да живеат заедно на еднаква основа, без разлика на етничкото потекло, полот, религијата, идеологијата, возраста, попреченоста или сексуалната ориентација. Советодавниот oдбор се залага за учество на сите граѓани со миграцискa историја во општинската и политичката работа.

Советодавниот oдбор ги советува Oкружниот совет и Oкружното собрание на Штеглиц- Зелендорф за сите прашања кои се однесуваат на граѓаните кои живеат и/или работат во округот кои имаат миграциска историја.

Советодавниот одбор се занимава со условите за живот на граѓаните со миграциска историја во округот, издава изјави од политички, социјални и културни карактер на граѓаните со миграционо потекло во округот и дава предлози за релевантни теми за учество и миграција.

Берлинскиот округ Штеглиц-Зелендорф на југозападниот дел на Берлин е создаден во 2001 година, како дел од административната реформа во Берлин со спојување на поранешните области Штеглиц и Зелендорф. Штеглиц-Зелендорф сега се смета за област од средна класа и просперитетна. Има најповолна социјална структура од сите берлински области. На 31 декември 2021 година, областа имала 307.135 жители, од кои 43.263 се Германци со миграциско потекло, или 14,1% од вкупното население, а 47.784 се странци или 15,5% од вкупното население на областа Штеглиц-Зелендорф.

error: Content is protected !!