Skip to content

Македонска заедница во Нов Зеланд

Македонско девојче“ се пееше на Ethno New Zealand

Македонско девојче“ се пееше на Ethno New Zealand

01.02.2023

Македонската песна „Македонско девојче“ беше изведена од страна на учесниците на Етно Нов Зеланд 2023 на завршниот концерт, а по иницијатива на битолчанката Ирена Ангеловска, која долги години живее и работи во Нов Зеланд.

За оваа изведба Ангеловска за ТВ Тера рече: „Музика и култура – приказна пренесена од еден на друг со топли чувства кои го потврдуваат твоето присуство овде и сега. Ethno New Zealand 2023 ми даде простор за споделување, учење, растење, слушање и размислување. Го прифаќа културниот диверзитет и ги поддржува разговорите за идентитетот, историјата, опресијата, колонизацијата и политиката преку споделување музика и рефлективно размислување. Ја споделив мојата музика со многу убави луѓе кои чекореа покрај мене на ова неверојатно патување. Ја изведовме една од најпознатите македонски песни, втората химна на сите Македонци. Песната за најубавото девојче на светот – Македонското девојче“.

Македонско девојче“ се пееше на Ethno New Zealand

Ирена додаде дека многу е убаво чувството кога сите срца на учесниците се синхронизираа во пулсирачкиот македонски ритам. „Македонско девојче“ беше изведена на 5- то издание на Ethno New Zealand.

Ангеловска во повеќе наврати ја споделува и промовира македонската музичка култура во Нов Зеланд. „Пеењето на композиции на македонски јазик ни го зајакнува чувството за национален идентитет и чувството за нашата македонска култура“, вели таа. Ирена заедно со својот сопруг водени од чувството да создадат едно катче каде Македонците, но и сите љубители на музиката ќе се дружат, го создаваат Македонскиот камерен хор .

Целта на проектот Етно Нов Зеланд била поврзување на музичари од различни култури преку презентирање музика.

error: Content is protected !!