Македонска заедница во Австралија
Македонски фестивал во Сиднеј
01.04.2024
Викендов во Џенсен Парк во Сиднеј се одржа Македонски фестивал. На фестивалот успешно беше промовиран македонскиот јазик и култура преку програма на македонските етнички училишта од Сиднеј и околината. Освен промоција на македонскиот јазик и култура на фестивалот имаше богата музичка програма и вкусна македонска храна.
-Многу дечиња со радост ги боеја нашите боенки, а родителите добија информации за работата на македонските училишта во Сиднеј. Честитки и голема благодарност на управата на Bankstown City Lions за одличната соработка со македонските училишта и им посакуваме уште многу успешни фестивали и победи на bankstowncitylions.fc, велат од македонското етничко училиште „11 Октомври“ од Јагуна, Сиднеј.