Skip to content

Македонските натпреварувачи во зимските спортови ги освоија првите бодови на Светски куп во скијање и сноуборд

Македонските натпреварувачи во зимските спортови ги освоија првите бодови на Светски куп во скијање и сноуборд

23.01.2023

За прв пат во историјата на ски спортовите во Македонија, нашата претставничка Ана Цветановска освои бодови на Светскиот куп кој се одржа на 17ти и 18ти декември во Давос – Швајцарија. Младата македонска скијачка Ана Цветановска на натпреварувањето на Светскиот куп во две дисциплини освои 18 бодови, со што ја издигна Македонија на 22то место на светската ранг листа.

Ова се први освоени бодови на македонски натпреварувач на Светски куп. Покрај Ана, учество зема и Ставре Јада кој исто така постигна одлични резултати.

Македонската репрезентација од Швајцарија се враќа во Македонија, а по празничната пауза следуваат нови предизвици – меѓу кои учество на Светското првенство кое во февруари 2023 година ќе се одржи во Планица, Словенија.

Историја испиша и македонската сноубордерка Сања Спасовска на Светскиот куп во Cortina d’Ampezzo, каде за прв пат македонски натпреварувач влезе на листата топ 30 и освои бодови во сноуборд.

Македонските натпреварувачи во зимските спортови ги освоија првите бодови на Светски куп во скијање и сноуборд
error: Content is protected !!