Skip to content

На престижниот „Piano Campus“ во Франција

Македонскиот пијаниост Арда Мустафаоглу освои две награди во Париз

Македонскиот пијаниост Арда Мустафаоглу освои две награди во Париз

22.03.2023

Младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу освои две значајни награди на меѓународниот натпревар „Piano Campus“ во Франција, една од жирито за најдобра интерпретација на задолжително дело од Рахманинов, а другата од асоцијацијата “Piano retrouvé aux musicales d’Arnouville” – рецитал во Арнувил (Париз), потврдувајќи го големиот талент.

Натпреварот беше на многу високо ниво. Имаше кандидати од моја возраст, но и постари пијанисти. Се работи за 12 кандидати кои се избрани во полуфиналето на натпреварот. Сакав чисто од љубопитност да настапам и да проверам на какво ниво е натпреварот. Ми беше мило што бев во друштво со такви „ѕверови“ на клавирот, енергијата беше навистина посебна и ми се смени мислењето за натпреварите и атмосферата таму. Се изненадив кога слушнав дека имам награда за концерт во Париз, градот кој често го посетувам и мислам дека е најубавиот во Европа. За другата награда се шокирав бидејќи се работи за дело кое го свиреа сите 12 кандидати. Комисијата сакаше да види од секој од кандидатите нешто свое во изведбата – ги сподели импресиите пијанистот Арда Мустафаоглу, во интервју за fakulteti.mk.

error: Content is protected !!