Skip to content

Македонска заедница во Австралија

„Македонска историска архива во Австралија“ мост меѓу минатото и сегашноста

„Македонска историска архива во Австралија“ мост меѓу минатото и сегашноста

20.01.2023

Социјалната страница „Македонска историска архива во Австралија“, чиј основач е историчарот д-р Ник Анастасовски од Мелбурн, содржи богатство на податоци и голем број архивски фотографии, што сведочат за животот и активностите на Македонците, доселени на петтиот континент.

Страницата, како своевиден мост меѓу минатото и сегашноста, е неисцрпен извор на материјали за Македонската заедница во Австралија, но и за сите истражувачи, историчари и хроничари за животот на македонските иселеници.

Прочитајте ги содржините на социјалната страница „Македонска историска архива во Австралија“ и збогатете ги вашите знаења за Македонците во Австралија низ времето.

Слушнете го и интервјуто на д-р Ник Анастасовски на програмата на Македонски јазик на СБС-радиото.

error: Content is protected !!