Македонска заедница во Германија
„Македонска зора 93“ на интернационален фестивал во Офенбург
13.06.2023
Клуб „Македонска Зора 93″ од Офенбург, Германија ќе се претстави на INTERNATIONALES FEST 2023, кој ќе се одржи на 24 јуни со почеток во 10 часот. Македонскиот клуб ќе ја преставува Република Македонија со нашата традиционална кујна.
-Ве очекуваме во што поголем број да ја преставиме Македонија во најдобро светло и заедно да се забавуваме и ја претставиме нашата култура и традиција, велат од „Македонска зора 93“.