Skip to content

Македонска заедница во Турција

Македонка на листа за Европскиот парламент од партијата за еднаквост мир и пријателство на Турците во Тракија

Македонка на листа за Европскиот парламент од партијата за еднаквост мир и пријателство на Турците во Тракија

20.05.2024

Евгенија Нацулиду припадник на Македонското етничко малцинство во Грција се кандидира за Европскиот парламент.
Годинава гласачкото ливче на Партијата за еднаквост, мир и пријателство (Κόμμα Ισότητας, Ειρήνης και Φιλίας – KIEF/DEB) – политичка партија на Турското етничко малцинство во Тракија не е “чисто муслиманско“ како што наведуваат грчките медиуми. Годинава во гласањето учествува и припадник на Македонското етничко малцинство.
Ова покажува дека конкретното гласачко ливче не е за верата на секој кандидат, туку за неговиот етнички идентитет.
Оние Македонци кои сакаат да се изјаснат за поддршка на Македонскиот јазик и националниот идентитет треба да стават крст на бројот 26 – Евгенија Нацулиду!
Нема да можеме да избереме пратеник во Европскиот парламент поради важечкиот изборен закон, но може да бидеме пребројани за да не кажат некои дека не постоиме.
Гласаме за КИЕФ на претстојните европски избори! Обединетите малцинства во Грција ќе имаат посилен глас отколку одделно, за нивните очигледни права да бидат почитувани од грчката држава!
Нашиот глас за КИЕФ нема да биде изгубен глас за Македонците. Нема што да изгубиме! Можеме само да победиме!
error: Content is protected !!