Skip to content

Македонија и Второто заседание на АВНОЈ

Македонија и Второто заседание на АВНОЈ

29.11.2024

Во разгледување на проблемот на Македнија и Второто заседание на АВНОЈ се забележуваат три моменти. Прво, одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ и учеството на Македонија во него; второ. Македонија и одлуките на АВНОЈ; и трето, оживо- творувагвето на одлуките на АВНОЈ во Македонија и нивното историско значење.
Од летото 1943 година беа создадени зрели политичкп услови внатре во земјата и во светот за свикување на Второ пленарно заседание на АВНОЈ. Народноослободителната војна веќе ги зафати и оние делови од земјата што до летото 1943 година не беа опфатени. Во оваа насока придонесе и капитулацијата на Италија по која беа ослободени нови територии и исползувана можност за зацврснување на ослободителното движење. Непосредно пред Второто заседанпе на АВНОЈ постоеше слободна територија колку половина од денешната територија на Југославија, на која функционираа органи на народната власт.
Во истиов период во Македонија постои мошне голема слободна територија, каде дојде до полна афирмација новата народнодемократска власт. Во такви услови политичко-военото раководство на Македонија беше презело мерки за свикување на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија.
Оценувајќи ги постојните воени и политичкп услови како мошне поволни за одржување на Второто заседание на АВНОЈ, Централниот комитет на КПЈ и Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославиија побараа од националните политички и воени раководства да извршат избор на пратеници за АВНОЈ и тие да бидат пратени во возможно најкусо време во определени пунктови. Иако не располагаше со поканата упатена до Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, се знае дека таква покана била испратена до другите национални воени раководни тела на 5 ноември 1943 година. Таа секако била испратена зашто на неа се повикува Светозар Вукмановиќ — Темпо кога имињата на делегатите од Македонија му ги соопштува на Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија.
Во ноември 1943 година ЦК на КПМ и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија развија мошне жива активност во подготвување на составот на делегатите од Македонија за Второто заседание на АВНОЈ. Во ноември и првите дни на декември, на неколку наврати со радиограми беа соопштени имињата на делегатите од Македонија. Притоа, имајки во предвид дека за сите тела на АВНОЈ треба да има застапени претставници на македонскиот народ беше предложено: еден потпретседател на Претседателството на АВНОЈ, еден потпретседател на Националниот комитет, еден повереник во Националниот комитет и седум члена на Президиумот на АВНОЈ да бидат од Македонија, додека останатите предложени делегати да бидат членови на пленумот на АВНОЈ.
Притоа, според клучот се предвидувало од Македонија да бидат делегирани 42 претставници. Меѓутоа, се знае дека по радиограм биле соопштени имињата на 34, а пред Заседанието биле примени имињата само на седум делегати. Поради оддалеченоста ниту еден делегат од Македонија не присуствувал. Но со фактот дека биле познати одлуките што требало да се донесат и при тоа биле соопштени имињата на делегагите од Македонија, тоа всушност означува дека и македонскиот народ ги прифати одлуките на Второто заседание на АВНОЈ.
На 29 и 30 ноември 1943 година во Јајце се одржа Второто заседание на АВНОЈ. Беа присутни 142 од избраните 250 делегати. На заесданието на АВНОЈ беа донесени одлуки што се однесуваа за сите народи на Југославија. Меѓутоа, тие исти одлуки за македонскиот народ имаат посебно значеше. Тоа од причина што до 1941 година тој се наоѓаше разделен меѓу трите балкански буржоаски монархии, чии владеачки сили имаа хегемонистички претензии над македоискиот народ.
Во една од одлуките на Второто заседание се вели: Југославија да се изгради на демократски федеративен принцип како државна заедница на рамноправни народи. Потребата за изградување на Југославија на федеративен принцип на рамноправни народи беше народна желба и со цел да се осигури полна рамноправност на сите народи на Југославија – Србите, Хрвтите, Словенците, Македонцпте, Црногорците и на народностите во неа. Исто така, со оваа одлука се пресекуваат корените на било која националистичко хегемонистичка група да им наметне хегемонија на другите народи на Југославија.
Искоренувањето на хегемонијата за Македонците имала примарно значење
зашто во периодот на предвоена Југославија туѓата хегемонија мошне скапо ја платил македонскиот народ.
Со истава одлука, и македонскиот народ беше признаен за рамноправен со другите народи на Југославија. Признавање на правото на македонската национална индивидуалност беше сторено од КПЈ многу отпорано. Меѓутоа, реализацијата на тие права во државноправна заедница и услови, можеше да стане при постоење на народна власт, ослободителната војска и други компоненти на државност какви што постоеја во време на одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ. Всушност, Второто заседание на АВНОЈ е прв највисок орган на народите на Југославија – претставник на врховната, законодавна, извршна и претставничка власт, кој го признава правото на македонската нација на рамноправност.
На Второто заседание беше донесено решение според кое на емигрантската кралска влада и се одзедоа правата да ги претставува народите на Југославија во странство, а на кралот му се забрани да се врати во Југославија додека нејзините народи не се искажат па слободни избори. Во лицето на емигрантската влада и кралот македонскиот народ го асоцираше денационализацијата и теророт што над него го спроведуваа ненародните режими. Забраната да се врати кралот, всушност за македонскиот народ означуваше да се забрани односно да не се врати стариот кралски буржоаски режим во Македонија кој беше наполно омразнет. Македонскиот народ како и другите народи на Југославија веќе си имаа изградено систем на народна власт па според тоа, немаа потреба од враќање на стариот апарат на власта.
Во редот на рамноправноста што му беше призната на македонскиот народ на Второто заседание на АВНОЈ беше и тоа, што во неговите тела влегоа претставници од Македонија, познати и истакнати борци за национална слобода каков што беше Димитар Влахов.
Усвоените решенија уште веднаш почнаа да се реализираат. Веќе на 15.1. 1944 год. Претседателството па АВНОЈ донесе решение според кое сите решенија, прогласи и други акти на АВНОЈ, Националниот комитет и други тела има да се објавуваат во официјалните изданија на српски, хрватски, словенечки и македонски кои се рамноправни на целата територија на Југославија.
Решенијата на Второто заседание на АВНОЈ отворија уште поголема перспектива за остварување на национално слободен живот во идната државноправна заедница. Воедно решенијата на АВНОЈ го повикуваа македонскиот народ на мобилизација за продолжување на ослободителната војна зашто во наредниот период претстоеше борба за изгонување на окупаторите и дотолчување не само политички туку и војнички на квислинзите од сите бои: групата на Чкатров – Ѓузелов, Михаиловистите, Дражикевците и другите непријатели на југословенските и балканските народи.
Одлуките донесени во Јајце, се значајни уште од еден аспект. Имено, двата други дела на македонскиот народ – во Егејска и Пиринска Македонија исто така учествуваа во војната против фашизмот, но се уште не им беше гарантирана национална слобода. Одлуките беа патоказ кон кој требаше да се стремат и борат и овие делови од македонскиот народ и на нив раководствата на соседните движења на отпорот да им ги признаат оние права што ги извојуваа во борбата против окупаторите. Одлуките на АВНОЈ по однос на македонскиот народ, пружаа можност за решавање на прашањата по пат кој е од интерес на сиот македонски народ и кој со дадените жртвн тоа го извојува.
Раководството на ослободителната војна во Македонија го насочи реализирањето на придобивките од војната во правец на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ. Процесот на изградба на македонската федерална држава продолжи во текот на 1944 година. Кулминација на тој процес беше одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 годнна. За ова заседание беа избрани 116 делегати претставници на сиот македонски народ – од неговите три дела – Вардарска, Егејска и Пиринска како и претставници на народностите во премер со нивното учество во ослободитлната војна.
Пратениците на Првото заседание на АСНОМ, ја изразија суверената волја на целиот македонски народ, а во согласност со одлуките на Второто заседание на АВНОЈ ја конституираа Македонија како федерална држава во демократска и федеративна Југославија, а АСНОМ како нејзино врховно, законодавно, извршно и претставничко тело. Со истиот уставен акт Президиумот на АСНОМ доби функција на привремена народна влада.
Во новата македонска федерална држава сите граѓани добија право на еднаквост и рамноправност, а македонскиот народ прв пат во својата понова историја доби полни национални, политички и други права. Со посебно решение беше озаконета една вековна желба на македонскиот народ во македонската држава службен јазик да биде македонскиот. Првото заседание на АСНОМ како највисок орган на власта во Македонија ги одобри земените решенија од Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија во однос на започнатата заедничка борба на македонскиот со другите народи на Југославија, со која заедничка борба беа поставетш темелите на македонската држава и слобода.
Одлуките на Првото заседание на АСНОМ беа со воодушевување примени од целиот македонски народ, од југословенските народи и прогресивните сили кај другите народи.
Од Првото заседание на АСНОМ беше упатена прокламација до македонскиот народ во Македонија и надвор од неа како и до народностите. Преку неа се соопштуваше на светската јавност дека првото Народно собрание на Македонија ја прокламира пред цел свет полната национална слобода на македонскиот народ во првата слободна македонска држава. Потоа се соопштуваше дека македонскиот народ влегува како национално слободен и рамноправен член во нова демократска и федеративна Југославија на принципите воспоставени на Второто заседание на АВНОЈ. Тргнувајќи од вековните идеали на македонскиот народ, првото македонско народно собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неотстапно барање за обединување на целиот македонски народ на принципите на правото за самоопределување. Обрнувајќи се кон Македонците под Бугарија и Грција, Првото македонско собрание им истакна дека со сеопштото учество во антифашистичката војна ќе се дојде до слободата и обединувањето на целиот македонски народ.
Придобивките од борбите на македонскиот народ за ослободување како од минатото така и од периодот на Втората светска војна се вткаени во одлуките на Второто заседание на АВНОЈ, врз кои пак се темелат постигањата на македонскиот народ на национално, политичко, социјално и културно поле во рамките на југословенската заедница.
Д-р Миле Тодоровски
Архив: „Иселенички календар 1974“, Матица на иселениците од Македонија, 1974, стр.34-36
error: Content is protected !!