На Филозофскиот факултет во Ниш
Легат на македонистот проф. д-р Мирољуб Стојановиќ
30,06.2023
На Филозофскиот факултет во Ниш се отвора легат на еден од најпосветените странски македонисти од минатото столетие – проф. д-р Мирољуб Стојановиќ (1941-2016). Свеченото отворање на легатот на проф. д-р Мирољуб Стојановиќ, кој ќе претставува и македонско катче на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш ќе се одржи во вторник (4 јули 2023 година), со почеток во 13 часот.
Професорот Стојановиќ сиот свој живот го посвети на исчитување на македонската литература и на поставувањето цврсти темели за современото изучување на македонистиката на универзитетскиот центар во Ниш, по што зад себе остави наследници кои ги афирмираат македонскиот јазик, литература и култура.
По патот по кој чекореше Стојановиќ, продолжи да чекори проф. д-р Данијела Костадиновиќ, со чии заложби и посветеност, денес се остваруваат перспективите на македонистиката на нишкиот Филозофски факултет.