Македонска заедница во Канада
Комитска вечер во Мисисага
![Комитска вечер во Мисисага Комитска вечер во Мисисага](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/04/342988076_103679166046821_3209844278467654224_n-e1682326044851.jpg)
24.04.2023
Синоќа во Македонска православна црква “Свети Илија” во Мисисага се одржа традиционалната годишна Комитска вечер.
Македонците од Мисисага и Канада евоцираа спомен за македонската револуционерна борба за државност, национална, социјална и црковна слобода.
Комитската вечер ја благослови Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, Митрополит Американско-Канадски со свештеници од црковните општини во Канада.
Со македонско мени и богата културно-уметничка програма, со македонски народни песни и ора, Македонците поминаа прекрасна Македонска вечер.