Skip to content

Во Охрид, Кавадарци, Битола и Скопје

„Каде си, Адаме?“ – Документарен филм за монашкото секојдневие на Света Гора

314396114_1344127113021625_5894457819338471111_n

04.11.2022

Документарниот филм „Каде си, Адаме?“ од 8 до 16 ноември ќе биде прикажан во неколку градови низ Македонија. Проекциите ќе започнат во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 8 ноември, на 11 ноември ќе биде прикажан во центарот за култура „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци, во Битола на 12 и 14 ноември во Малата сала на Центарот за култура и во Скопје на 14, 15 и 16 ноември во Кинотека на Македонија. Филмот е приказ на монашкото секојдневие на Света Гора во манастирот Дохијар.

Филмот е сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.

Автор на филмот, укранскиот продуцент – ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска за време на неговиот десетгодишен престој во светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието и радоста…

Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуменот на манастирот, ведриот и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуменот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

КАДЕ СИ, АДАМЕ? учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), како и во Торонто, Краков, Зајечар (Србија)…

Официален Трејлер:

error: Content is protected !!