Македонска заедница во Австрија
Информативен настан за изучување на Македонски јазик
28.09.2023
Македонското културно друштво „Св. Наум Охридски“ од Виена во соработка со МА 17, магистрат за интеграција и диверзија организира информативен настан на тема “Училишен систем и изучување на мајчин јазик во Виена/Австрија” со референтката Емра Дувњак.
-Оваа манифестација ќе биде подржана и од играорките на КУД „Македонка“ кои ќе организираат и припремат домашна трпеза со благо и солено. Воедно секој од вас може да се приклучи и припреми нешто за да ја збогати и помогне трпезата, велат од МПЦОА „Св. Наум Охридски“.
Манифестацијата ќе се одржи на 30 септември во просториите на МПЦОА „Св. Наум Охридски“ во Виена од 16 до 20 часот.