Skip to content
Македонска заедница во Норвешка

Изучување на македонскиот јазик и во Осло

ksf makedonija

06.12.2022

Здружението на Македонците во Норвешка КФС Македонија информира дека денес добиле официјално одобрување од општинската управа во Осло, Норвешка за пристап до училница која ќе служи за изучување на македоскиот јазик и граматика.
Часовите се планирани да се одвиваат секоја сабота од 10:00-13:00 ч во период од 14.01.2023 – 17.06.2023 гододина.
„Училницата има капацитет за 30 ученици и токму заради тоа потребно е сите заинтересирани да се регистрираат. Од таа причина би ве замолил сите вие што сакате себе си и/или своите деца да ги запишете на часови по македонски јазик. Потребни информации за регистрација се: име и презиме, возраст (потребно за планирање на програма) и контакт информации. Изучувањето ќе се одвива во просториите на Årvoll skole, Bård Skolemesters vei 1, 0590 Oslo. Контакт информации за регистрација: е-пошта: ksfmakedonija@gmail.com“, се вели во соопштението на КФС Македонија.
Претседателот на здружението Сашо Марковски ги повикува сите оние кои се заинтересирани волонтерски да допринесат со држење на часови по македонски јазик, да стапат во контакт со него.
error: Content is protected !!