Skip to content

Излезе романот „Срна“ од Славица Дабевска Ќировска

Излезе романот „Срна“ од Славица Дабевска Ќировска

10.11.2022

Во издание на книгоиздателската куќа „Феникс“ деновиве излезе од печат романот „Срна“ од Славица Дабевска Ќировска.
Романот „Срна“ ги отсликува навиките, обичаите и тивкиот стил на живеење на едно тетовско семејство, низ призмата на ликот на убавата, црвенокоса девојка Срна. Дејствието започнува од средношколските, гимназиски денови на Срна. Низ описот на професорите во најпознатата и меѓу најстарите гимназии во Македонија – се препознава и согледува школството во раните 60-ти години на минатиот век. Од ликовите на професорите, кои им се идоли на учениците, може да се насети огромното влијание врз бројните генерации.
Матурата е посебен настан, а Срна ја доживува многу емотивно, бидејќи тогаш започнува испишувањето на нејзината иднина. Се остварува сонот таа да студира медицина и тоа носи невидена среќа во нејзиниот дом. Срна со радост заминува во Скопје, каде заспива во еден часот по полноќ со последното писмо добиено од Томе. На 26 јули 1963, крици ја разбудуваат во валми, сива магла…
Славица Дабевска Ќировска е родена во Тетово. Пишува поезија и проза. Целата творечка енергија ја насочува во создавањето на уметнички дела па покрај пишување се искажува и во музиката и во сликањето. Знаењето и умеењето го посветува во воспитување и образование на учениците, зошто работи во образовниот систем во Македонија. Член да Друштвото на писатели на Република Македонија. Живее, работи и твори во Тетово.
error: Content is protected !!