Македонска заедница во Албанија
Избран Советот на Општина Пустец
16.05.2023
На локалните избори во Албанија кои се одржаа на 14 мај 2023 година, за градоначалник повторно е избран досегашниот Пали Колефски. Во текот на вчерашниот ден, Општинската изборна комисија ги соопшти и изборните резултати за советници во Советот на општина Пустец.
Во новиот состав на Советот на општина Пустец, кој брои вкупно 15 советници, Македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција доби три советници. Споредено со претходниот состав, партијата сега има едно советничко место помалку.
Социјалистичката партија доби 659 гласа или 32,21% од гласовите и во Советот има 5 советници.
Коалицијата “Заедно освојуваме” доби 467 гласа или 22,83% од гласовите и во Советот има 4 советници.
Македонска алијанса за европска интеграција доби 439 гласа или 21,46% од гласовите и во Советот има 3 советници.
Аграрната еколошка партија доби 156 гласа или 7,62% од гласовите и во Советот ќе има 1 советник.
Социјалистичката Демократска партија доби 132 гласа или 6,45% од гласовите и во Советот има 1 советник.
Социјалдемократската партија доби 193 гласа или 9,43% од гласовите и во Советот има 1 советник.
Социјалистичката и Македонската партија веќе имаат мнозинство од 8 гласови во Советот.