Македонска заедница во Ниш
Избрано собрание на македонското здружение „Вардар“
14.06.2023
Во понеделникот Здружението на Македонците „Вардар“ од Ниш, Србија одржа Годишно изборно Собрание. На Собранието за наредниот четиригодишен мандат беше реизбрано старото раководство: претседател на здружението Раде Бабиќ, претседател на Управен одбор Благе Петрушевски, претседател на Надзорен одбор Нела Радовановиќ и Борче Вељановски за секретар и благајник.
На Собранието беше усвоен и извештајот за работата на Здружението „Вардар“ од Ниш за минатиот четиригодишен период.