Skip to content
Во Лерин

„Златна Зора“ протестираше против центарот за македонски јазик во Грција

„Златна Зора“ протестираше против центарот за македонски јазик во Грција

19.12.2022

Вчера, во Лерин протестираа фашистите на “Златна зора“ против регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Грција. Протестот се одржа пред Апелацискиот суд во Лерин, во кој тужба против регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Грција поднесе Панмакедонската унија Грција-Австралија.
И покрај најавите за масовен протест, бројот на приврзаниците на „Златна зора“ беше многу мал. Македонците беа подготвени и покажаа дека наци-фашистите на „Златна зора“ не се добредојдени во градот Лерин.
Алармантно е тоа што „Златна Зора“ се одлучи да се врати во јавноста со антимакедонска омраза и реторика.
Неонацистите на „Златна зора“ пред Кулата во Солун и на 11 декември 2022 година, протестираа против „Центарот за македонски јазик во Грција“, меѓутоа одзивот на нивните повици за масовност изостана. Малкумина ја поддржаа нивната наци-фашистичка омраза против Македоните во Грција. Соорганизатори на овој протест беа Организацијата „Обединети Македонци“, Организацијата „Свето општество 2012“, Националната организација на македонските борци „Павлос Мелас“, и Панмакедонската унија Грција-Австралија.
„Златна Зора“ протестираше против центарот за македонски јазик во Грција
„Обединети Македонци“ е радикална ултра-нацистичка организација формирана во Солун во 2011 година кои себе си се опишуваат како „вистински глас на патриотите од протестите за Грчка Македонија“. Оваа организација нема никакво влијание во општеството, освен што шират омраза против Македонците во Грција. Претседател на оваа организација е фашистот Димитрис Зиампазис, роден во Солун, кој на своите интернет страници шири омраза и антимакедонска пропаганда и ксенофобична реторика.
Македонците во Лерин изразија благодарност до сите кои ги поддржаа во протестот против наци-фашистите: Општинската организација на партијата СИРИЗА во Лерин, доктор Цоцис Василис, ККЕ, Женскиот сојуз на Лерин, Работничкиот сојуз на Лерин, Анти-расистичката студентска иницијатива на Лерин, пратеникот Пети Перка и многу други!
error: Content is protected !!