Македонска заедница во Полска
Здружение за промоција на македонската култура во Варшава
![Здружение за промоција на македонската култура во Варшава Здружение за промоција на македонската култура во Варшава](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/11/406078241_310385805194203_4313611230034751038_n-e1701255515367.jpg)
29.11.2023
Во просториите на Волскиот центар за култура во Варшава се одржа македонска средба по повод основањето на Здружението за промоција на македонската култура во Полска.
Целите и заздачите на здружението на Македонците ги претстави неговиот претседател Горан Шутиновски.
Програмата продолжи со проекција на краткометражните филмови “Долу од рајот“ на Саша Станишиќ и “Ќе му се јавам на татко ти“ на Леонид Ристов.
Со музичка точка настапи Ансамблот за песни и танци при Економскиот универзитет во Варшава, кој изведе неколку полски народни песни, како и македонската песна “Македонско девојче“.
Во изложбениот простор на културниот центар имаше поставка на урбани фотографии од Скопје и Варшава на Даниел Анастасов, а беа изложени и македонски орнаменти од приватните колекции на некои од членовите на здружението.