Skip to content

За наградата „Роман на годината“ пријавени 34 романи

За наградата „Роман на годината“ пријавени 34 романи

20.01.2023

На годинешниот конкурс за „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнале 34 романи.

Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата) заклучи дека и годинава конкуренцијата изобилува со квалитетни романи.

Жири-комисијата и годинава ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а селектираните романи јавно ќе бидат објавени. Жири-комисијата е должна да го соопшти името на добитникот до 15 март.

Наградата „Роман на годината“, која е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а чиј генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе биде доделена по 24-ти пат. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Список на пристигнати дела за наградата „Роман на годината“ за 2022:

  1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
  2. „Невообичаен Велигден“, Емилија Златкова – Анастасова, „Збор“
  3. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
  4. „Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“
  5. „Умрев за да оживеам“, Габриела Давидовска – Баниќ, „Збор“
  6. „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание
  7. „Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“
  8. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
  9. „Девојчето со седа коса“, Магдалена Елмазовска, „Збор“
  10. „Татко ми, Босфор“, Јован Илиески, „Антолог“
  11. „Вилинско коњче“, Илина Јовановиќ – Јаковчевска, „Збор“
  12. „Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“
  13. „Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“
  14. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
  15. „Заследи ме“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
  16. „Потрага по загубениот гроб“, Панче Коцев, самостојно издание
  17. „Наследство: Прозорецот“, Јордан Коцевски, „Антолог“
  1. „Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
  2. „Тајната за розата Дафне“, Благица Наумова, „Збор“
  3. „Токсични луѓе“, Велко Неделковски, „Арс Либрис“
  4. „Една книга“, Валентин Нешовски, „Или Или“
  5. „Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
  6. „Солзите на Анастасија“, Даница Пеовска, „Мите Богоевски“
  7. „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
  8. „Пештера“, Максим Ристески, „Или Или“
  9. „Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
  10. „Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
  11. „Број 77“, Мирјанка Селчанец, „Андриано“
  12. „Продолжи да одиш“, Елена Симоновска, „Збор“
  13. „Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“
  14. „Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“
  15. „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
  16. „До Сахара за покрив над глава“, Јован Џамбазоски, „Матица македонска“
  17. „Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“.
error: Content is protected !!