Македонска заедница во Малта
Заврши учебната година по македонски јазик
![Заврши учебната година по македонски јазик Заврши учебната година по македонски јазик](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/06/356809071_223760037190114_656495440014337901_n-e1688030441313.jpg)
29.06.2023
Со доделување на сертификати по македонски јазик беше означен крајот на учебната година за децата кои го изучуваат македонскиот јазик на Малта.
-Во учебната 2022/2023 година, се дружевме и другарувавме, учевме и читавме, зборувавме и игравме, пеевме и се смеевме. Годината ја завршивме со сертификат. Убаво и мирно лето на сите ученици кои посетуваа настава по македонски јазик на Малта. Се гледаме во септември, вели Розита Закева, наставник по македонски јазик на Малта.