Македонска заедница во Србија
Заврши манифестацијата Денови на македонската култура во Нови Сад
23.12.2022
Во Здружението на Македонците „Св. Кирил и Методиј“ во Нови Сад се одржа завршен испит на кој сите учесници покажаа солидно знаење кое го стекнаа на работилниците за изучување на македонскиот јазик. По завршниот испит на сите учесници воп работилницата им беа врачени дипломи од Претседателот на Здружението.
Со оваа активност заврши годинешнава 16-та манифестација „Денови на македонската култура во Нови Сад“.