Елисабет Николофски прв претставник на ОМД во Бразил
![Елисабет Николофски прв претставник на ОМД во Бразил Елисабет Николофски прв претставник на ОМД во Бразил](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/03/334690518_2995851994056125_5491329755194187747_n-e1680000896168.jpg)
28.03.2023
Обединетата македонска дијаспора извесува за своето проширување во Јужна Америка. Елисабет Николофски е назначена за прв претставник на ОМД во Бразил.
Елисабет е прва генерација Македонка родена во Бразил. Татко ѝ е битолчанец, мајка ѝ е бразилијанка. Елисабет Николофски и нејзиниот сопруг Фабио Бечерт живеат во Куритиба, голем град во јужен Бразил. Тие имаат две деца близнаци, Елена и Рафаел, кои имаат 10 години. Таа студирала додипломски студии на Универзитетот „Санта Круз“, а потоа магистрирала бизнис администрација на бразилскиот Федерален универзитет. По завршувањето на своето образование, се вработила во „Банко де Бразил“. Во моментов е извршен директор во Sicredi Credenoreg, најголемата кредитна унија во Бразил.