Skip to content

Елисабет Николофски прв претставник на ОМД во Бразил

Елисабет Николофски прв претставник на ОМД во Бразил

28.03.2023

Обединетата македонска дијаспора извесува за своето проширување во Јужна Америка. Елисабет Николофски е назначена за прв претставник на ОМД во Бразил.

Елисабет е прва генерација Македонка родена во Бразил. Татко ѝ е битолчанец, мајка ѝ е бразилијанка. Елисабет Николофски и нејзиниот сопруг Фабио Бечерт живеат во Куритиба, голем град во јужен Бразил. Тие имаат две  деца близнаци, Елена и Рафаел, кои имаат 10 години. Таа студирала додипломски студии на Универзитетот „Санта Круз“, а потоа магистрирала бизнис администрација на бразилскиот Федерален универзитет. По завршувањето на своето образование, се вработила во „Банко де Бразил“. Во моментов е извршен директор во Sicredi Credenoreg, најголемата кредитна унија во Бразил.

error: Content is protected !!