Skip to content

Македонска заедница во Шведска

Едукативни работилници во библиотеката во Телеборг

Едукативни работилници во библиотеката во Телеборг

12.02.2024

Во Македонската библиотека во Телеборг, Шведска викендов се одржаа едукативни работилници за деца од основното образование. Беа одржани три работилници под водство на Елизабета Дамева.
Работилницата со дечињата од трето, четврто и петто одделение за тема го имаше пријателството и колку е тоа важно во нашиот живот.
„Впрочем денес и беше ден на нови средби и можеби некои идни пријателства. Ама не ги заборавивме ни старите пријатели. За нив изработивме уникатни творби со кои покажавме колку многу ни значат“, напиша Дамева, во објава на страната на Македонската библиотека во Телеборг.
Покрај работилницата за децата од трето, четврто и петто одделение се одржа работилница и со поголемите ученици ( шесто, седмо, осмо и деветто одделение).
„Тема на работилницата беа стереотипите и животните вредности. Преку активности прилагодени на нивната возраст дискутиравме и заклучувавме како ги перципираме луѓето околу нас и што е она што е важно во нашиот живот“, вели Дамева.
Третата и последна работилница од овој сет беше со децата од најмала возраст.
„По долгото патување полно со многу игри и смеа ( кои учителката не можеше да ги фотографира затоа што беше шестиот играч) стигнаа до плажата на која ги уловија најшарените риби за да го нахранат лошиот крокодилот и да се спасат од него“, напиша Дамева.
error: Content is protected !!