Македонска заедница во САД
Дополнителна настава на македонски јазик во МПЦО “Свети Никола“ во Њу Џерси
![Дополнителна настава на македонски јазик во МПЦО “Свети Никола“ во Њу Џерси Дополнителна настава на македонски јазик во МПЦО “Свети Никола“ во Њу Џерси](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/11/406032148_309190141980436_2878518244013259158_n-e1701086890347.jpg)
27.11.2023
Голем е интересот за дополнителна настава на мајчин Mакедонски јазик при Македонската православна црковна општина “Свети Никола“ во Сида Гроув во Њу Џерси.
Голема е посветеноста и ентузијазмот за изучување на Македонскиот јазик. Децата со внимание и задоволство ги следат предавањата и наставните активности.
Од срце благодарност за наставниот персонал и до родителите кои не ги забораваат корените во мајка Македонија.