Македонска заедница во Австралија
Донација во спортска облека и реквизити за ОУ „Гоце Делчев” во Прилеп
![Донација во спортска облека и реквизити за ОУ „Гоце Делчев” во Прилеп Донација во спортска облека и реквизити за ОУ „Гоце Делчев” во Прилеп](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2022/12/321682162_6120816484603635_5710494188975130805_n-e1672395707151.jpg)
30.12.2022
Македонското прилепско друштво „Методија Андонов – Ченто” од Мелбурн, Австралија, преку општина Прилеп, на основното училиште “Гоце Делчев” му донираше дваесет дресови за ученици и спортски душеци и топки.
Наставниците по физичко и здравствено образование, ги поделија дресовите на дваесет ученици, а спортските душеци и топки беа распоредени во училишната спортска сала.
Среќните дечиња и наставниците по физичко и здравствено образование, како и градоначалникот на општина Прилеп, изразија искрена благодарност до Македонското прилепско друштво „Методија Андонов Ченто” од Мелбурн за донацијата во спортска опрема и реквизити од Австралија.