Ден на македонската поезија во Шведска
![Ден на македонската поезија во Шведска Ден на македонската поезија во Шведска](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/09/379627219_271183892447728_4625665740761793357_n-e1695285552558.jpg)
21.09.2023
Годинашната традиционална поетска манифестација „Ден на македонската поезија во Шведска“, ќе се одржи на 7 октомври, со почеток во 17:00 во локалите на Midsommargården, Telefonplan 3 – Hägersten, во Стокхолм.
Во програмата ќе земат учество десетина поети, како и ученици што ќе рецитираат стихови од познати македонски поети. Специјален гостин од Македонија ќе биде познатата поетеса и литературен критичар Даниела Андоновска-Трајковска, која е и професор по литература и уредник на неколку книжевни списанија.
„Ден на македонската поезија во Шведска“ се одржува под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска.