Skip to content

Македонска заедница во Шведска

Ден на македонската поезија во Шведска

Ден на македонската поезија во Шведска

08.10.2024

Во саботата, во Македонски клуб ,,Пелистер” во Трелеборг, Шведска се одржа манифестацијата „Ден на македонската поезија во Шведска“. Годинава манифестацијата беше во организација на Македонската библиотека во Трелеборг.
-,,Благодарам” е малку да се каже за сите кои не’ почестија со своето учество на настанот организиран по повод ,,Денот на македонската поезија во Шведска” во македонскиот клуб ,,Пелистер” во Трелеборг.
Изразуваме голема благодарност до Македонскиот сојуз од Шведска и поетското друштво ,,Дениција” за можноста која ни ја дадоа да бидеме домаќини на една ваква манифестација.
И благодариме на нашата почесна гостинка – поетесата Николина Андова Шопова за прекрасните стихови со кои не’ почести.
Благодарност до македонскиот амбасадор во Шведска, г-нот Џенк Сејфула за неговото присуство на настанот и постојаната поддршка во промоцијата на Македонија и македонскиот јазик и култура во Шведска како и до членовите до ОМД – Шведска кои секогаш се наш ,,ветер во грб”.
Блогодарност до дечињата од фолклорната група од Малме, нивните учителки Ленче и Јасмина, тапанарот Дарко Червенков и хармоникашот Кире кои ни ги разгалија душите со убавата македонска песна.
Благодариме од ❤️ Тереза Шалевска-Мирчева, Ивица Челиковиќ, Христина Сентова – Црвенковска, Гордана Крклинска, Силвана Гунзова, Калина Сејфула, Николина Васиќ, Susanne Sandberg, Евгениа Дамева, Теона Кузмановска, Давор Цветковски, Живица Мицков, Антониа Мицков, Дариан Митев, Ненад Митев, Ахмед Таириќ и Иван Свирков за преубавите стихови со кои се претставивте и покажавте дека и на север се чита македонска поезија, велат од Македонската библиотека Трелеборг.
error: Content is protected !!