Македонска заедница во Шведска
Ден на македонската култура во Гетеборг
23.05.2023
Во организација Македонскиот сојуз во Шведска и Македонското друштво „Гоце Делчев“ од Гетеборг на 4 јуни, со почеток во 13 часот, ќе биде одржан Ден на македонската култура во Шведска. Настанот ќе се одржи во Селма центарот, а ќе настапат најмладите фолклористи и наследници на македонската културна традиција. Ќе има и богата трпеза од македонски јадења.