Македонска заедница во Шведска
Ден на македонската култура во Гетебор
![Ден на македонската култура во Гетебор Ден на македонската култура во Гетебор](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/06/351561523_1717853948647147_4854194115273388775_n-e1686048051720.jpg)
06.06.2023
Во неделата (4 јуни) во Центарот за култура „Селма Лагерлеф“ во Гетеборг се одржа традиционалната манифестација „Ден на македонската култура во Шведска“ под покровителството на Македонскиот сојуз, а во организација на друштвото домаќин „Гоце Делчев“.
Програмата понуди богати содржини, инспиративни извeдби на народни ора и игри, со настап на фолклорните секции на Македонското друштво „Гоце Делчев“, Српското друштво „Синѓелиќ“ и шведскиот Интернационалнен клуб за народни игри. Настапија и ученици со музички нумери и интерпретација на стихови од познати македонски поети.
-Се’ на се’, едно убаво другарување и уште еден успешен ден со солиден придонес на контото на повеќедецениските напори што се прават на скандинавските простори за афирмација на македонската култура, јазик и традиција и нивниот креативен допир со други култури, велат од Сојузот на Македонците во Шведска.