Македонска заедница во Албанија
Денот на музеите одбележан во Мала Преспа со изложбата “Градски костими“
![Денот на музеите одбележан во Мала Преспа со изложбата “Градски костими“ Денот на музеите одбележан во Мала Преспа со изложбата “Градски костими“](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/05/348237407_635284031798611_5862003436360197484_n-e1684487751414.jpg)
19.05.2023
По повод 18 Мај Меѓународниот ден на музеите, вчера, во Музејот на Стерјо Спасе во с. Глобочани, Мала Преспа, Албанија, беше поставена изложбата „Градски костими”, чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог советник.
Изложбата се реализираше во рамките на проектот SMART4YOU2, а во соработка помеѓу Националната установа „Завод и музеј” – Битола и Директоратот за културно наследство – Корча, како дел од партнерството кое го сочинуваат Општина Битола, Општина Пустец и Младинскиот културен центар од Битола.
Проектот SMART4YOU2 се имплементира во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија и е ко-финансиран од страна на Европската унија и Министерството за локална самоуправа.
На отварањето на изложбата се обратија градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, директорот на Директоратот за културно наследство на Корча, Аманада Чичи, директорот на НУ “Завод и Музеј” – Битола, д-р Мери Стојанова, како и авторот на изложбата, Наде Геневска Брачиќ.
На изложбата присутвуваа поголем број на посетители кои со огромен интерес ја проследија изложбата и дискутираа околу поединечни облековни елементи и костими што претставуваат значаен дел од македонската традиција и култура.