Skip to content

Македонска заедница во Канада

Денови на Македонската литература и култура во Канада

Денови на Македонската литература и култура во Канада

03.06.2024

о организација на Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци” во Торонто и годинава се одржа традиционалната културна манифестација “Денови на македонската литература и култура” во чест на 24 Мај – Денот на семакедонските и сесловенските просветители и рамноапостоли светите солунски браќа Македонците Кирил и Методиј – Денот на семакедонската и сесловенската писменост, литература и култура.
Културната манифестација “Денови на македонската литература и култура” се одржа во големата сала на Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски” во Торонто, на 26 мај.
Специјален гостин беше Георги Даневски, дипломиран ликовен уметник, кој зборуваше за Македонската средновековна ликовна уметност како предвесник на европската ренесанса.
Во рамките на манифестацијата имаше изложба на ликовни дела, продажен пункт за македонски книги, настап на ученици од училиштето по македонски јазик во МПЦО “Свети Климент Охридски”, настап на членовите на Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци” и претставување на победничките поетски дела од наградниот конкурс.
Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци” во Торонто изрази голема благодарност до сите учесници во програмата, присутните, новинарите од весникот “Македонија“ Соња и Оливер, црковниот одбор на Македонската Православна Црковна Општина “Свети Климент Охридски” и нејзиниот претседател Борис Стоикос и свештениците протоереј Сашо Целески и протоереј Александар Тодоровски, за соработката со Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци” и неговиот претседател Зоран Карапанчев.
За успешна реализација и поддршка на одржувањето на традиционалната културна манифестација “Денови на македонската литература и култура” во чест на 24 Мај, организаторот додели пригодни награди на следните личности: Борис Стоикос, Протоереј Александар Тодоровски, протоереј Сашо Целески, претседателот на Македонската православна црковна општина “Света Недела“ од Еџекс Славе Бунтевски, познатиот македонски уметник Георѓи Даневски, учителката од Преспа од Албанија Крисанта Јанкула, на yчителката при македонското црковно неделно училиште Снежана Тешович, поетот Алексо Лозановски и добитникот на третата награда од меѓународниот поетски конкурс Диме Костов. Честитки до сите нив.
Културната манифестација помина во уште едно незаборавно дружење кое ќе остане во сеќавање до наредната година.
error: Content is protected !!