Skip to content

Заедница на Македонците во Србија

Денови на македонската култура во Ковин

Денови на македонската култура во Ковин

27.09.2023

Со богата презентација на вино, музика, традиционалната македонска храна и филмови, во Србија, Ковин, беа отворени Денови на македонската култура. Деновите на македонската култура, кои се реализираат во рамките на иницијативата Отворен Балкан, а ги организираат збратимените општини Кавадарци и Ковин, ги отвори в.д амбасадорката во Србија, Михаела Веселинов.
Манифестацијата беше отворена со изложба на уметничката Елизабета Јордановска, традиционална македонска музика во изведба на Тијана Стаменковиќ и оркестарот на Павле Убовиќ, дегустација на македонска кујна и вина. На отварањето беше прикажан и документарниот филм „Доселување на Македонците во Србија“.
Во рамки на манифестацијата, ќе бидат прикажани и филмовите Мементо на Димитрие Османи, Врба на Милчо Манчевски, Хомо на Игор Иванов, театарската престава Не играј на Англичани на Домот за култура Иван Мазов од Кавадарци, а манифестацијата ќе заврши на 30 септември со Меѓународниот фестивал на традиционалната музика СРМА, на кој ќе уќествуваат по шест деца, со песни на мајчиниот јазик и со една заедничка песна.
error: Content is protected !!