Skip to content

Заедница на Македонците во Хрватска

Денови на Македонската култура во Истра

Денови на Македонската култура во Истра

21.08.2023

Македонското културно друштво на Истарската жупанија „Св. Кирил и Методиј“ Пула и Заедницата на Македонците во Република Хрватска на 28 август (понеделник) организираат културна манифестација „Академска вечер на Св. Кирил и Методиј и Св. Јоаким Осоговски“ во рамките на Денови на македонската култура во Истра.
На академската вечер за делата на Св. Кирил и Методиј и Св. Јоаким Осоговски ќе зборува парохискиот свештеник на МПЦ-ОА во Хрватска, протојереј ставрофор Кирко Велински. Културната манифестација ќе биде збогатена и со изложба на слики од Мајкл Клосе насловена „Уметноста на патот до хуманоста“. За изложбата ќе зборува Славица Лончариќ Ѓугум. Ќе биде промовирана и двојазичната збирка поезија „Дом на срцето“ од Милена Златеска. Збирката ќе ја промовираат проф. др. Наталија Поповска, Маја Грегл, драматург и писател и Маја Апостолова Балабурски, заменик на македонскиот амбасадор во Хрватска. Гостин на вечерта е музичарот Сафиудин Алимоски и КУД „Уљаник“, хорот и оркестарот на друштвото.
Манифестацијата ќе се одржи во Домот на хрватските бранители во Пула со почеток во 20 часот.
error: Content is protected !!