Атанас Кирјаков до бугарскиот претседател Румен Радев
Во земјата во која треба да сме господари, ние Македонците сме робови!
![Во земјата во која треба да сме господари, ние Македонците сме робови! Во земјата во која треба да сме господари, ние Македонците сме робови!](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2023/01/327277688_682704316880668_1158588505926422020_n.png)
26.01.2023
Кога ќе престане Бугарија со јазикот на омразата кон етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во цела Бугарија, кои се подложени на тотална асимилација и геноцид?
МАКЕДОНИЈА Е ВСЕЛЕНА, МАКЕДОНИЗМОТ Е СВЕТЛИНА!
Кога Бугарија ќе ги признае етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во цела Бугарија?
Кога на листите за попис на населението во Бугарија ќе има графа за етничка припадност Македонец/Македонка?
Кога етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во цела Бугарија ќе имаат право на свој културен и политички живот?
Кога Бугарија ќе престане со јазикот на омразата кон етничките Македонци и Македонки во Пиринска Македонија и во цела Бугарија, изложени на тотална асимилација и геноцид?
Стотици илјади етнички Македонци и Македонки од 1912 година до денес беа и сега се репресирани од бугарските власти: Отпуштани од работа, исклучувани од училиште и од факултет, прислушкувани, исмевани и изигрувани, следени, заплашувани, викани на распит во полиција, тепани, интернирани во далечните предели на Бугарија, затворани во затвори и во логори, убивани само поради тоа што се декларирале по народност Македонци и Македонки.
Кога бугарскиот суд ќе регистрира барем едно македонско здружение во Бугарија?
Кога Бугарија ќе му даде слобода и човекови права на Македонскиот народ во Пиринска Македонија и на етничките Македонци и Македонки во Бугарија?
Од 1990 година до денес Бугарија е осудена во Европскиот суд за човекови права во Стразбур дури 17 пати за нарушување и за газење на човековите права на етничките Македонци и Македонки во Бугарија!
Во земјата во која треба да сме господари, ние Македонците сме робови!
Алтернативата на овој систем не се разликува од одродувањето – социјална деградација, иселување, физичка смрт или безнадежен отпор во нерамноправен дуел со бугарските власти…
Атанас Кирјаков e претседател на ГК на ОМО Илинден од Благоевград