Skip to content
Македонска заедница во Канада

Божикна средба на литературното друштво “Браќа Миладиновци“

318180659_126636633569122_4179791117661801200_n

05.12.2022

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ вчера во Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто се одржа – Божикна средба со поезија и песна.
Претседателот на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, Зоран Карапанчев го поздрави присуството на специјалните гости на Божикната средба, претседателот на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, Владе Димитриевски и свештеникот на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, отец Сашо Целевски.
Посебни внимание на Божикната средба предизвика присуството на учениците со нивните мајки предводени од учителката Снежана.
Иницијаторот на друштвото Вера Вржовска Петревска пријатно ги изненади присутните со свечената декорација на масите и богатата храна подготвена од членовите на друштвото.
error: Content is protected !!