Македонска заедница во Канада
Божикна женска забава во МПЦ „СВ.Илија“ во Мисисага
![Божикна женска забава во МПЦ „СВ.Илија“ во Мисисага Божикна женска забава во МПЦ „СВ.Илија“ во Мисисага](https://maticanaiselenici.com/wp-content/uploads/2022/12/317999485_126634000236052_9068503799424140577_n-e1670238337312.jpg)
05.12.2022
Вчера во Македонската православна црква “Свети Илија” во Мисисага се одржа традиционалната Божикна женска забава. Со богата лотарија, одлична македонска кујна и прекрасни македонски песни и ора, организацијата на жените при Македонската православна црква “Свети Илија” во Мисисага го одбележа престојниот голем христијански празник Христовото рождество Божик.
И оваа забава помина со многу евоции на спомени во годината што помина, со желби за здравје и живот, мир и љубов, среќа радост и бериќет.