Изложба во Штип
Архивски документи за постоењето на македонците во Албанија
13.11.2023
Вчера, во холот на ресторанот “Астибо Плаза“ беше отворена изложбата „МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА – ИДЕНТИТЕТ, ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРА”. Изложбата беше подготвена од Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Пригодно обраќање при отворањето на изложбата имаа Васил Стерјовски и Ефтим Митревски.
Изложбата е збогатена со документи од архивите на САД, Австралија, Франција, Италија, Агрентина и Албанија за посебноста и идентитетот на Македонците од Албанија.
Изложбата беше во рамките на традиционалната Семакедонска средба во Штип по повод одбележувањето на 8-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Штип и 75 годишнината од егзодусот на децата бегалци и насилно прогонети Македонци од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција.