Македонска заедница во Албанија
Апел за гласање за советничка листа на Македонската Алијанса за Европска Интеграција
04.05.2023
Единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција апелира Македонците во општина Пустец масовно да гласаат за советничката листа број 29 на престојните локални избори кои се одржуваат на 14 мај 2023 година!
– Почитувани Македонци, гласајте за број 29, за советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција! Преспа е нашиот дом! – се вели во јавниот повик од Единствената македонска партија до Македонците во општина Пустец!