Skip to content

Македонска заедница во Канада

Академик Љупчо Коцарев специјален гостин на Гоцева вечер во Торонто

Академик Љупчо Коцарев специјален гостин на Гоцева вечер во Торонто

10.01.2023

На 4. февруари годинава, по 50-ти јубилеен пат, ќе се одржи Гоцева – комитска вечер во Торонто, Канада. Гоцевата вечер е во организација на Организацијата Обединети Македонци во Канада, а ќе се одржи во големата сала при МПЦ Св. Климент Охридски во Торонто.

За почесен гостин на Гоцевата – комитска вечер годинава е поканет претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев. Организацијата Обединети Македонци од Канада ги повикува сите Македонци да присуствуваат на Гоцевата вечер и да го слушнат охрабрувачкиот говор на академик Коцарев.

error: Content is protected !!